Две екипи пред Јунајтед ја активирале откупната клаузула за Аморим
„Ѓаволите“ ќе платат 10 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула, која претходно ја активирале и две други екипи.
Првиот тим кој сакал да плати 10 милиони евра за Аморим бил Ал Наср од Саудиска Арабија, но Португалецот ја одбил понудата.
Потоа пристигнала понуда и од Премиерлигата, односно од Вест хем, но 39-годишениот стратег не го прифатил предизвикот.