Џенова ја совлада Парма и избега од дното на Серија А

Фудбалерите на Џенова триумфираа со 1-0 против Парма, додека Емполи славеше со 1-0 против Комо во рамки на 11. коло од Серија А.

Џенова доминираше во текот на целиот натпревар и имаше дури седум удари во рамки на голот на противникот, додека до единствениот погодок стигнаа во 80. минута кога Пинамонти беше прецизен.

Комо ја продолжи лошата серија и веќе пет меча по ред не знае за триумф во калчлолигата, иако играше добро во првото полувреме против Емполи.

Пелегри, сепак, ги разочара гостите со неговиот погодок во 47. минута, по што Емполи имаше и други шанси за да го зголеми водството, меѓутоа мрежите мируваа до крајот на мечот.