Само трета победа за Звезда во Лигата на шампионите, ама убедливо највисока

Иако е поранешен европски шампион, Црвена Звезда не може да се пофали со многу победи во Лигата на шампионите откако ова натпреварување го смени своето име пред 32 години.

Досега оствари само три триумфи, но вечервашниот против Штутгарт е убедливо највисок за белградскиот тим. Првпат Звезда постигна пет гола на еден меч во Лигата на шампионите и победата од 5-1 ќе остане запишана како највисока во клупската историја.

Претходните две победи на Звезда беа со по два гола разлика, 2-0 против Ливерпул и 3-1 против Олимпијакос, во двата случаја на домашен терен.