Иредентистички скандирања на навивачите на Шкендија и Шкупи (ВИДЕО)

Шкендија го победи Шкупи со 2-0 во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига, но натпреварот во Тетово остана во сенка на она што се случуваше на трибините.

На Градскиот стадион во Тетово беа присутни навивачките групи на двата клуба, „Балисти“ и „Шверцери“ кои речиси цел натпревар скандираа иредентистички слогани.

Можеа да се слушнат извици за Косово, Дарданија, Илирида, Голема Албанија, а декор на трибините беа албанските знамиња. И покрај ваквите скандирања, играта не беше прекината во ниеден момент.