Врие на Енфилд: Ливерпул води, Мбапе промаши пенал (ВИДЕО) 

Бурни 15-тина минути на почетокот од второто полувреме можеа да видат љубителите на фудбалот на Енфилд каде се игра големото дерби на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Енфилд.

 

 

По големата доминација, Мекалистер ги доведе домаќините во водство во 52. минута, четири минути подоцна се повреди Камавинга и мораше да го напушти теренот, а потоа Лукас Васкес изнуди пенал од кој Реал имаше можност брзо да дојде до израмнување.

 

 

Со оглед на тоа што Винисиус не игра поради повреда, одговорноста ја презеде Килијан Мбапе, но францускиот репрезентација ја продолжи својата агонија во дресот на Реал. Келехер го одбрани неговиот удар и на семафорот остана 1-0 за Ливерпул.