Миовски ќе биде спремен за завршницата од Лигата на Нации!
Шпанскиот тим ги објави патниците на фудбалери за утрешниот натпревар против ПСВ, а помеѓу нив беше и Миовски што е потврда дека повредата која ја заработи викендов не била сериозна.
Миовски беше заменет во 60. минута од натпреварот откако изнуди пенал, но во таа прилика поткривнувајќи го напушташе теренот.
Ова секако е добра вест и за Македонија бидејќи Миовски сега би требало да биде во комбинација за настап во последните два нтпревари од Лигата на Нации во кои ќе играме против Летонија и Фарски Острови.
Медиумите во Шпанија пренесуваат и дека Миовски денеска нормално тренирал со соиграчите.