Нема крај на кризата за Пеп и Сити: Тотнем ги преселуша среде Манчестер! (ВИДЕО)
До пред само неколку месеци тешко дека некој можеше да замисли дека Манчестер сити може да има три порази во низа во Премиер лигата, но сега тоа е реалност за избраниците на Гвардиола.
Имаа свои шанси „граѓаните“ во денешниот натпревар, Тотнем не доминираше премногу, но знаеше да реализира кога има прилика.
Мрежата на домаќините се затресе по само 13 минути игра кога Кулушевски испрати една одлична топка и го пронајде Медисон во шеснаесетникот. Само седум минути подоцна истиот фудбалер зголеми и на 0-2.
Со водство од 0:2 момците на Анте Постекоглу заминаа на одморот. Во второто полувреме се играше 53. минута кога во листата на стрелци се запиша дефанзивецот Педро Поро.Конечните 0-4 во завршницата ги постави Џонсон.
За Манчестер сити како што споменавме ова беше трет пораз во низа во Премиер лигата, претходно против „граѓаните“ се радуваа Бормут и Брајтон. Ако се погледнат сите натпреварувања, тогаш кризата е уште поголема затоа што серијата порази е пет натпревари.
Тотнем се радуваше против Манчестер сити и во Лига купот, додека во Лигата на шампионите Спортинг ги декласираше со 4-1.