Победи за Бутел и Бисинов, реми во дуелот на Пролет и Прилеп

По победата на Пелистер денеска се одиграа уште три натпревари во рамките од 12. коло во Суперлигата на Македонија.

Победи во овие три средби славеа Бисинов против Струга (37-30) и Бутел на гости кај Куманово (22-29), додека без победник заврши дуелот на Пролет и Прилеп (23-23).

За ракометарите на Бисинов победата против претпоследнопласираната Струга беше втора во сезоната со која го прескокнаа денешниот ривал на табелата.

Бутел немаше проблеми на гостувањето кај Куманово и уште по првиот дел водеше со 5-13, па тука веќе се најавуваше победникот. Во вториот дел гостите само рутински ја одржуваа предноста.

Во последниот Прилеп иако во еден момент имаше водство четири гола разлика, на крајот сепак во дуел со неизвезна завршница ги поделија бодовите со Пролет.