Класата е вечна: „Ножички“ на Ди Марија и хет-трик за 18 минути (ВИДЕО)

Aргентинецот Анхел Ди Марија вечерва покажа дека и на 36 години се уште има магија во неговите нозе.

Во натпреварот од Купот на Португалија против Естрела, Ди Марија успеа да постигне хет-трик за 18 минути. Освен што трипати се запиша во листата на стрелци, Ди Марија еден од головите постигна и со „ножички“.