Ги дочекаа своите „пет минути“: Тотнем го понижи Гвардиола! (ФОТО)

Eкипата на Тотнем денеска славеше убедлива победа над Манчестер сити во дербито од Премиер лигата со 0-4, а по натпреварот „петлите“ го „пецнаа“ Гвардиола.

Пеп Гвардиола за првпат во својата кариера се соочува со ситуација во која еден негов тим претрпе пет порази во низа, додека три порази за „граѓаните“ се во Премиер лигата (Тотнем, Бормут, Брајтон).

На официјалниот профил на Тотнем по денешниот натпревар беше објавена фотографија од Пеп и Постекоглу со опис:

„Најдобриот тренер во Премиер лигата. И Гвардиола до него“.

Ќе потсетиме, Постекоглу сезонава го победи Гвардиола и во Лига Купот (2-1).