Шкупи утре ќе ги претстави новите газди!

Oд редовите на Шкупи вечерва ифнормираа дека во утрешниот натпревар против Силекс кој се игра во Чаир ќе пристигнат и новите газди на клубот.

Неодамна Шкупи го напушти првиот човек Олгун Ајдин, а неговите наследници утре пристигнуваат во Чаир. Во соопштението Шкупи не открива имиња.

„Новите сопственици утре ќе присуствуваат на натпреварот против Силекс. Вратите за навивачите ќе бидат отворени на старата трибина. Натпреварот против Силекс е важен за нас затоа што ќе го прославиме и 35. роденден на нашата навивачка група“, објави Шкупи.

Натпреварот помеѓу Шкупи и Силекс како и останатите освен средбата Пелистер - Шкендија (17:00) се игра од 13:00 часот.