Сега Ла Лига ја „откачи“ Барса: Нема натпревар против Атлетико во САД
Претседатечот Хавиер Тебас проценил дека поради тешката ситуација во Шпанија, предизвикана од поплавите во Валенсија, не е време за натпревар надвор од границите на земјата и покрај тоа што спомнатиот меч треба да се игра кон крајот на декември. Втората причина е тоа што Фудбалската федерација на Шпанија по скандалот со Рубиалес, уште нема претседател кој би дал дозвола за овој дуел.
Раководството на Барселона веќе го имаше разработено целиот план за натпреварот со Атлетико и сметаше на заработка од околу шест милиони евра. Планирани беа и чартер летово за навивачите на двата клуба со цел да се создаде убава атмосфера.
Ова е втор обид натпревар од шпанското првенство да се игра во САД. На почетокот од 2019 година таму требаше да се сретнат Барселона и Жирона, се беше организирано од Ла Лига, но тогашното раководство на Барса ја отфрли можноста и инсистираше да игра на својот стадион.