И петтото место беше доволно: Ферстапен по четврти пат светски шампион во Формула 1

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја одбрани шампионската титула во Формула 1 на две трки пред крајот на сезоната.

Утринава, на Големата награда на Лас Вегас, Холанѓанецот го освои петтото место што му беше доволно да направи недостижна предност во однос на ривалите и по четврти пат во кариерата да го освои трофејот. Неговиот главен конкурент Ландо Норис заврши зад него, на шестата позиција и тоа беше клучен момент за шампионската титула на Ферстапен.

Во сенка на неговиот успех остана втората победа сезонава на Џорџ Расел од Мекларен, пред неговиот тимски колега Луис Хамилтон кој ги вози последните трки како член на британскиот тим. До подиумот стигна Карлос Саинс кој заврши пред вториот возач на Ферари, Шарл Леклер.

До крајот на сезоната остануваат уште трките во Катар (патеката Лусаил) и Абу Даби (Јас Марина), но тие ќе имаат само ревијален карактер.