Винисиус ја дозна болната вистина: Реал цело време го лажел во врска со Златната топка

Една недела по најголемата драма во историјата на доделувањето на Златната топка, шпанските медиуми објавија дека не било се така како што Реал претстави во јавноста.

Раководството на „кралскиот клуб“ драматично го откажа патувањето во Париз на целата експедиција откако, наводно, се дозна дека Винисиус нема да ја освои Златната топка. Кадена Сер денеска ги демантираше тие наводи и објави дека во Реал го знаеле сценариото неколку дена претходно, но криеле од Бразилецот за тој да остане фокусиран на Ел Класико кое се играше два дена претходно.

На денот на доделувањето на Златната топка, претседателот Флорентино Перез донесе одлука да не се патува за Париз, а во следните денови Реал излезе со неколку соопштенија во кои го нападна организаторот на настанот, со цел да се пренасочи вниманието на друга страна и да се остави впечаток дека клубот е покрај Винисиус во тешките моменти. 

Времето ќе покаже како овој случај ќе влијае на односот меѓу фудбалерот и Реал, особено ако се знае дека Винисиус има пребогата понуда од Саудиска Арабија.