Ивановски: Каква ноќ, колку емоции, колку народ...
Човек на одлука за битолскиот клуб беше искусниот Мирко Ивановски кој ја погоди мрежата на Гачевски во последните моменти, а потоа истрча да го прослави погодокот со „Чкембарите“.
При прославата Ивановски заработи и исклучување, но во тие моменти тоа му беше најмалку важно. Еден ден по натпреварот на социјалните мрежи објави порака со која изрази и благодарност до навивачите.
„Каква ноќ, каков празник на градот, каква атмосфера, колку емоции, колку народ… Битола, Битолчани, „Чкембари“ ова е за вас…Фала за се“, стои во објавата на Ивановски.