Американски експерт предупреди: Денвер ќе го уништи Јокиќ!
Јокиќ сам го носи клубот на својот грб без вистинска помош од колегите, па поради тоа експертите предупредуваат дека Србинот би можел да „настрада“.
„Единствен начин на кој екипата ќе почне да победува е ако Џамал Мареј биде подобар. Јокиќ е најдобар кошаркар во светот, но Денвер ќе го уништи ако продолжи вака“, вели експерт за „ЕСПН“.
Јокиќ ги одигра сите шест натпревари од почетокот на сезоната и во просек постигнува по 29,8 поени, 12,3 скокови и 9,8 асистенции.