Голден Стејт го прегази Денвер во Колорадо, Јокиќ имаше дабл-дабл (ВИДЕО)
Србинот постигна 19 поени, 11 асистенции и седум скокови, но имаше проблеми со ударите од далечина, односно погоди само една тројка од шест обиди.
Голден Стејт одигра одличен натпревар и беше предводен од Стеф Кари, кој го заврши натпреварот со 24 поени. Меѓутоа најголемо изненадување на теренот беше Јаксел Лендерборг, кој одигра извонреден меч и постигна 31 поен, 12 скокови и шест асистенции.
Останати резултати:
Шарлот – Вашингтон 110-103
Кливленд – Минесота 127-125
Бостон – Чикаго 134-99
Мајами – Далас 109-113
Милвоки – Индијана 110-102
Хјустон – Атланта 120-110
Јута – Мемфис 105-110
Фото: Facebook/Denver Nuggets