Мбапе предизвика бура во Кина, па веднаш остана без два спонзори!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе предизвика бура во Кина, откако се пошегувал на сметка на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг.

По скандалот, две големи кинески компании соопштија дека ја прекинуваат соработката со ѕвездата на Реал Мадрид.

Станува збор за „Донгпенг“, познат производител на енергетски пијалаци и „Менгниу“, еден од најголемите производители на млечни производи во Кина.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.