Португалија го доби Велс, Халанд ја урна Данска (ВИДЕО)
Посебно интересно во Велс беше првото полувреме во кое се постигнаа дури четири погодоци. Бруно Фернандеш го отвори резултатот во 11-тата минута, но само две минути подоцна Брукс израмни.
Велс направи и целосен пресврт со голто на Томас во 40-тата минута. Португалците, сепак не дозволија да заминат со негатива на паузата и пред одморот Нето стрелаше за 2-2.
Второто полувреме донесе далеку помалку возбудувања и беше постигнат само еден гол кога Форбс во 70-тата минута ги постави конечните 3-2. На 15 минути пред крајот Португалија остана и со играч помалку по исклучувањето на Нето, но Велс не успеа да дојде до бод.
Во вториот натпревар скандинавското дерби помеѓу Норвешка со ист резултат ја победи Данска.
Хојлунд постигна два гола за Данците во 11-тата и 14-тата минута, додека Одегард и Халанд со два гола од кои еден во последните моменти од пенал дојде до пресврт и победа.
Останати резултати:
БиХ – Романија 2-1
Ирска – Косово 3-0
Израел – Австрија 1-1
Унгарија – Северна Ирска 1-1
Полска – Шведска 1-1
Украина – Грузија 1-0