Несторовски доби пари од ФИФА по банкротот на Палермо!
Меѓу фудбалерите кои добиле финансиска надокнада е и македонскиот напаѓач Илија Несторовски, кој во минатото го носеше дресот на италијански Палермо.
Клубот од Сицилија банкротираше во 2019 година, поради што Несторовски не успеал да ги наплати своите побарувања. Сега, преку фондот на ФИФА, му е обезбедена исплата на заработените средства.
Дресот на Палермо Несторовски го носеше од 2016 до 2019 година и во тој период остави длабока трага бидејќи беше еден од најважните фудбалери на тимот.
Покрај Палермо, Несторовски кој сега ги брани боите на Славен Белупо настапуваше уште за: Асколи, Удинезе, Интер Запрешиќ, Словачко, Металург, Викторија Жижиков и Победа каде што ја почна кариерата.