Браќата Нурмагомедов пуштени од затвор по масовната тепачка во Абу Даби (ВИДЕО)

Браќата Усман и Умар Нурмагомедов се ослободени од затворот во Абу Даби, откако им беа намалени казните поради учеството во масовната тепачка со грузиските ММА-борци Мераб Двалишвили и Саба Лазишвили.

Одлуката за ослободување следува по помирувањето меѓу инволвираните страни и барањето на оштетените обвинетите да бидат пуштени на слобода.

Судот соопшти дека казните на обвинетите биле намалени, а паричната казна од 300.000 дирхами за секој од нив е преполовена на 150.000 дирхами, односно 37.000 евра.

Претходно Усман и неговите соработници беа осудени на шест месеци затвор и парична казна, а беше донесена и одлука за нивно протерување од Обединетите Арапски Емирати.