НБА ја менува стратегијата за Европа: Се одложува почетокот на големиот проект!?
НБА и ФИБА најавија создавање натпреварување со 16 екипи, кое требаше да започне во октомври 2027 година. Според планот, 12 клубови би добиле постојано место, додека останатите четири би се пласирале преку квалификациски турнири и спортски резултати.
Според најновите информации, во моментов малку е веројатно дека големото натпреварување ќе почне навреме и со 16 учесници.
Една од главните причини за одложување на почетокот е тоа што НБА-лигата уште не ги финализирала договорите со потенцијалните учесници во натпреварувањето.