Гвардиола ужива и гледа кошарка во Дубаи (ВИДЕО)

Еден од најуспешните фудбалски тренери, Пеп Гвардиола, ја искористи паузата во кариерата за да проследи кошарка и натпревар од Евролигата.

Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити, со кој освои дури 20 трофеи, Гвардиола денеска беше забележан во Дубаи на дуелот меѓу домашниот тим и Анадолу Ефес.

Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола арената“, генералниот менаџер на Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола дрес од клубот.

На дресот беа испишани неговото презиме и бројот четири, бројот што славниот тренер го носеше додека настапуваше за Барселона во деведесеттите години.