Пелистер експлодираше во финишот: Гумерсбах падна во Битола! (ФОТО)
Гостите од Германија беа подори во првите 30 минуити, Пелистер се држеше до средината кога гостите поведоа првпат со два разлика. Во последните моменти од полувремето, македонскиот вицешампион дополнително попушти, па на одмор Гумерсбах водеше со пет разлика (9-14).

Во тие моменти тешко изгледаше дека Пелистер ќе се врати во мечот, меѓтоа момците на Червар не се откажаа.
Ако, Гумерсбах имаше одличен финиш на првото полувреме, почетокот на второто му припадна на македонскиот претставник кој дојде до израмнување на 16-16. Од тој момент се водеше изедначена битка на теренот, Пелистер во ниту еден момент не успеваше да поведе, но не дозволуваше и противникот да направи поголема разлика од еден гол.

На три минути пред крајот на семафорот стоеше 27-27, Пелистер доби исклучување и остана со играч помалку две минути. Сепак, одличниот Митревски блкесна со уште една интервенција. Во следниот напад македонскиот претставник доби седмерец и со голот на Серафимов конечно првпат поведе.
Во тие моменти Пелистер и го одлучи натпреварот, Гумерсбах повторно не реализираше, а во следниот напад за првпат во мечот на нешто повеќе од минута до крајот Нтанзи погоди за два разлика.
Најефикасен кај Пелситер беше Кузмановски со седум гола од девет ободи, Нтанзи не погриши и постигна пет гола од пет удар, а по четири гола постигнаа Ристевски, Серафимов и Граховац.
Митревски беше фантастичен на голот и средбата ја заврши со 15 интервенции.
Со овој триумф Пелистер ги задржа шансите за место во следната фаза во од европското натпреварување.


