Охрид го реши Тиквеш и продолжи да победува
Со новите бодови Охрид стигна до бројката од 19, еден помалку од лидерот Вардар.
Гостите уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот во салата „Јасмин“. Во 15. минута имаа предност од пет гола (9-4), а во еден момент разликата изнесуваше и седум погодоци (16-9). На паузата Охрид замина со водство од 17-11.
Ниту во продолжението немаше промени во односот на силите. Охриѓани во 40. минута за првпат стигнаа до двоцифрена предност (26-16), по што без поголеми проблеми ја задржаа убедливата разлика.
Мате и Стмрљан со по седум погодоци беа најефикасни во победничкиот состав, додека кај Тиквеш најрасположен беше Гавидиа, исто така со седум гола.