Червар: На момците им кажав - можат да испијат едно пиво и во кревет!

Лино Червар беше задоволен од победата над Гумерсбах, меѓутоа и тој потсети дека за славење нема многу време.

Пелистер успеа да се врати по негатива од пет разлика во првото полувреме.

„Ова беше тежок натпревар, дадовме голем напор, но ѝ благодарам повторно на публиката која беше тука, честитики и до играчите победија една силна германска екипа. Губевме со пет разлика, беше предизвик да се вратиме, но сакавме да дадеме нешто убаво на оваа публика.

Во четврток Пелистер го чека натпревар со Алкалоид.

„Сега за два дена ќе играме со Алкалоид и немаме многу време за славје, потоа следи Охрид. Тимот е најдобар играч, секогаш тоа го зборуваме, кога не еден не му оди, тргнува другиот и среќен сум што денеска беше така“.

Ги коментираше Червар и критиките за неговата игра „7 на 6“.

„Не се лутам кога ме критикуваат, тоа ме тера да бидам подобар. При „7 на 6“ мора да реализирате, ако не реализираш, нормално имаш проблем. Сите треба да се бориме до последен здив, никогаш да не се предаваме. На момците им кажав дека вечерва можат да испијат едно пиво и веднаш во кревет, не можам да размислувам сега на другите резултати, сега мислам само на следниот натпревар. Мораме да се одмориме и да се подготвиме за дуелот во Скопје“, додаде хрватскиот стратег.