Дрон погодил воз со фудбалери на руски фудбалски клуб!

Вистинска драма се случувала во Русија, каде што возот со кој фудбалерите и стручниот штаб на Локомотива Москва се враќале од гостување кај Ростов, бил погоден во напад со дрон.

Во нападот со дрон бил оштетен еден од вагоните на возот, а железничкиот сообраќај бил прекинат. Сепак, за среќа ниту еден од фудбалерите и членови на стручниот штаб не биле повредени.

Експедицијата на московскиот клуб се наоѓал неколку вагони подалеку од местото на ударот на дронот.