РФМ ги пушти билетите за мечот со Луксембург и повика: Да ја обоиме салата во жолто-црвено!

Македонската ракометна репрезентација ќе ги почне квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2028 година против селекцијата на Луксембург, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) веќе ги пушти билетите за мечот.

Билетите за натпреварот меѓу Македонија и Луксембург, кој се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе се продаваат по цени од 300 до 500 денари преку „МКТикетс“.

„Да ја обоиме салата во црвено-жолто и заедно да им дадеме силна поддршка на нашите ракометари“, објави РФМ и ги повика навивачите во сала.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург е закажан за 4 ноември, среда, од 19 часот во салата „Борис Трајковски.