Голем гаф на организаторите: Објавени тројца различни освојувачи на „Златната топка“ (ФОТО)

Неверојатна грешка се случи пред официјалното доделување на „Златната топка“ за 2026 година.

На интернет-страницата на „Франс фудбал“ случајно биле објавени текстови во кои Хари Кејн, Ламин Јамал и Килијан Мбапе биле наведени како освојувачи на престижната награда.

Објавите предизвикаа голема забуна меѓу фудбалските навивачи, но едно од веројатните објаснувања за грешката е дека станува збор за однапред подготвени текстови за различни сценарија, кои по грешка биле објавени на интернет-страницата.