„Трето полувреме“ во Турција: Се степаа фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче (ВИДЕО)

Галатасарај славеше со 2-1 против Фенербахче, но по последниот судиски свиреж следеше вистински хаос на теренот.

На теренот се создаде голема мешаница, а дел од фудбалерите влегоа во физичка пресметка, по што мораше да интервенира и полицијата.

Головите во победата на Галатасарај ги постигна Виктор Осимен, додека Ирфан Џан Кахвеџи погоди за Фенербахче.