Нејмар си оди од Ал Хилал и се враќа во татковината

Некогаш еден од најдобрите светски фудбалери Нејмар најверојатно ги поминува последните два месеца во Саудиска Арабија, тврдат бројни медиуми.

Наводно, тој во јануари официјално ќе го напушти Ал Хилал и ќе се врати во татковината, во тимот на Сантос каде што и ја почна кариерата. Информацијата ја потврди потпретседателот на Сантос, Освалдо Нико кој изјави дека се во постојан контакт со својата некогашна голема ѕвезда.

Нејмар дојде во Ал Хилал летото 2023 година, но на почетокот од сезоната доживеа тешка повреда која паузираше цела година, па досега забележа само шест настапи за овој клуб. Неговата годишна плата изнесува 100 милиони евра, сума која нема шанси да ја добие во Сантос, но веројатно таму ќе ја заврши кариера.

Во февруари ќе наполни 33 години, некогаш беше голема надеж на светскиот фудбал, но се уништи со трансферот во ПСЖ кој се уште е најголем на сите времиња (222 милиона евра).