Хаотични квалификации во Бразил: Норис ќе тргне од пол-позицијата!

Возачот на Мекларен и еден од кандидатите за титулата, Ландо Норис ја освои пол-позицијата во квалификациите во Бразил, кои беа навистина хаотични затоа што неколку пати беше покажано црвено знаменце.

Неколку возачи излетаат од патеката, а меѓу нив беше и Карлос Саинц од Ферари, додека во квалификациите разочараа и возачите од Ред Бул кои немаа среќа во вториот дел од квалификациите.

Норис доминираше и заслужено го освои првото место, додека зад него заврши Џорџ Расел од Мерцедес.

Временските услови предизвикаа големи проблеми, па поради тоа квалификациите се одржаа на неколку часа пред главната трка која е закажана по 16.30 часот.