Прослава на годината: Куња го соблече дресот и гол се фрли во публика (ВИДЕО)
Бразилецот беше херој на „црвените ѓаволи“, постигнувајќи два гола во завршницата за победа од 3-2, откако англискиот тим на полувремето имаше негатива од 0-2. По погодокот за целосен пресврт, емоциите целосно го понесоа напаѓачот.
Куња го соблече дресот, гол се упати кон трибината зад голот и се фрли во прегратките на навивачите на Манчестер јунајтед. Сцената предизвика ерупција од воодушевување на „Олд Трафорд“, а сите присутни буквално полудеа од сцената со бразилскиот фудбалер.

Очигледно дека и Куња го зафати силна еуфорија, па во судиското продолжение заборави дека доби жолт картон за соблекување дрес, па беспотребно, дури и глупаво стартуваше на еден противнички фудбалер и за тоа доби втора јавна опомена, автоматски и исклучување. На менаџерот Мајкл Карик тоа воопшто не му се допадна и по завршувањето на натпреварот изби жестока кавга меѓу него и Бразилецот која многу веројатно продолжила и во соблекувалната.