Ѓоковиќ со пресврт и по два ипол часа борба го елиминираше Вашеро!
Во првиот сет и двајцата тенисери беа сигури на свој сервис, немаше ниту еден брејк, па се играше тај-брејк.
Таму Вашеро беше подобар во клучните моменти и со 7-5 го доби тај-брејкот за водство од 1-0 во сетови. Не почна најдобро ниту вториот сет за Новак кој уште на стартот го изгуби својот сервис и Вашеро поведе со 2-0. Сепак, српскиот ас се врати и ги освои наредните 2-2 за израмнување.
Во продолжение се до 12-тиот гем немаше втор брејк, а тогаш Вашеро го изгуби својот сервис и Ѓоковиќ со 7-5 израмни на 1-1. Третиот сет помина во целосна доминација на Ѓоковиќ. Освојувачот на турнирот во Базел од пред неколку дена немаше никакви шанси, освои само еден гем и Ѓоковиќ со 6-1 дојде до конечна победа.
Ѓоковиќ во следната рунда ќе се соочи со Австралиецот, Ринки Хиџиката.