Шоу на Ноле во Париз: Луѓето мислат дека сум стар и бавен, но јас уште победувам!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, со голем пресврт го започна својот настап на Мастерсот во Париз, откако по голема борба во три сета го совлада Валентан Васеро (Монако) со резултат 6-7, 7-5, 6-1.

Со овој триумф, 39-годишниот Србин успешно го чекираше билетот за второто коло на престижниот турнир во француската престолнина. По завршувањето на исцрпувачкиот натпревар, Ѓоковиќ призна дека се соочил со сериозен предизвик против инспирираниот Васеро, кој зад себе имаше одлична недела на тениските терени со оглед што победи на турнирот во Базел. Тој ги искористи клучните грешки на противникот во финишот на вториот и низ целиот трет сет, каде долгите размени на удари беа пресудни за конечниот исход. И покрај огромниот физички напор, српскиот ас не пропушти да се пошегува на сопствена сметка поради своите години.

„Навистина беше тешко, но го очекував тоа по неговата одлична недела. Ги искористив грешките, успеав да победам. Беше напорно поради долгите размени на удари во третиот сет. Сепак, не е лошо за еден старец, така? Луѓето мислат дека сум многу стар и бавен, но некако успевам да најдам начин да победам во вакви натпревари“, изјави Ѓоковиќ.

Во второто коло на турнирот во Париз, популарниот Ноле за противник ќе го има австралискиот тенисер Ринки Хиџиката.