Нов проблем за Барса: Родри се повреди, Флик го повлече од игра

Барселона доби нова причина за загриженост поради здравствената состојба на Родри, кој мораше да го напушти теренот поради проблем со мускулот на листот.

Шпанскиот репрезентативец се пожалил на болка во листот, по што Ханси Флик одлучил да го повлече од игра за да не ризикува влошување на повредата.

Ова е непријатна вест за каталонскиот тим, особено ако се има предвид важноста на Родри за играта на Барселона. Неговото присуство во средниот ред е од големо значење за контролата на играта, организацијата на нападите и дефанзивната стабилност, а повредата доаѓа во пресрет на тешкото гостување кај Атлетико претстојниот викенд,.

Интересно е што пред претходниот европски дуел со ПСЖ, Флик го остави Родри на клупата за резерви поради потребата од одмор. Германскиот стратег тогаш објасни дека сака да го контролира оптоварувањето на фудбалерите кои имале многу настапи за репрезентациите.