ПСЖ го распарчи Виљареал – четири гола за осум минути (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен приредува вистинска голеада на гостувањето кај Виљареал во четвртото коло од Лигата на шампионите. Францускиот гигант веќе води со убедливи 4-0, а домаќините се во сериозни проблеми уште во раната фаза од натпреварот.

Парижаните фуриозно го отворија дуелот и практично го решија прашањето околу победникот уште пред истекот на првите 20 минути. Жоао Невеш ја начна мрежата на Виљареал во деветтата минута, асамо три минути подоцна Дезире Дуе зголеми на 2-0 по асистенција на Магнес Аклиуш, а веќе во следниот напад, ПСЖ веќе имаше и убедливи 3-0. Сени Мајулу во 13. минута ја искористи офанзивната иницијатива на гостите и го зададе новиот удар за шпанскиот тим.

ПСЖ продолжи да напаѓа, а предноста дополнително ја зголеми на 4-0 преку Фабијан Руиз, претворајќи го гостувањето во вистински кошмар за Виљареал.