Ферстапен собори рекорд на Шумахер, поставен во 2003 година
Денеска тој го одбележува 897. ден по ред како лидер на табелата во Формула 1 со што собори уште еден рекорд на Михаел Шумахер. Ферстапен постојано е прв во генералниот пласман од трката за Големата награда на Шпанија во 2022 година и оттогаш не паднал подолу од челната позиција. Рекордот на Шумахер изнесуваше 896 недели бидејќи тој беше на чело од трката во САД во 2000 до трката во Австралија во 2003.
Ферстапен сигурно ќе достигне и 900 дена бидејќи денеска на Интерлагос не може да ја загуби лидерската позиција, а ако успее да ја освои титулата, ќе ја пробие и границата од 1.000 дена.