Неста бесен: Судиите го уништуваат фудбалот!

Тренерот на Монца, Алесандро Неста е бесен на судиите поради поништениот гол на неговиот тим на дуелот против Милан.

Монца доминираше во во првото полувреме и постигна гол, но тој им беше поништен поради туркање на Варен Бондо врз Тео Ернандез на почетокот од акцијата. Одлука која се смета за контроверзна.

„Се чувствувам бесно, но исто и гордо за овие момци. Одигравме два одлични натпревари против Аталанта и Милан, можевме да постигнеме четири гола во првото полувреме, дадовме еден и тој ни беше поништен“, вели Неста.

„Според мене судиите го уништуваат фудбалот, треба да се вратиме на стариот стил на судење. Каков фаул беше тоа?“.

„По мечот со Аталанта судиите испратија извинување до Монца, но што имаме корист од извинување кога сме ги загубиле бодовите“.

„Судиите го комплицираат фудбалот. Тој треба да биде едноставен и е спорт со контакти, сега свират за секој допир. Мислам дека судењето треба да се адаптира на спортот, а не спротивно“.