Бањаја победи во Малезија, шампионот ќе се одлучува во последната трка!
Трката на „Сепанг“ беше претпоследна во овогодинешниот шампионат, а клучно за победата на Бањаја беше стартот кога во првите неколку круга во директен дуел го победи Хорхе Мартин од Прамак Дукати.
Хорхе Мартин со победа на оваа трка ќе ја завереше титулата, требаше да освои најмалку девет бода повеќе од Бањаја, но тоа не се случи.
Место на подиумот имаше и за Енеа Бастианини од Дукати.
На трката се случи и еден голем инцидент кога Џек Милер загуби контрола и со глава удри во мотоциклот на Фабио Квартаро, во инцидентот учествуваше и Бред Бајндер. За среќа се заврши без посериозни повреди.
Во пресрет на последната трка од сезоната, Мартин има 485 бодови, Бањаја 461.