Јамал испрати јасна порака: Не играм за пари, туку за забава!

Талентираниот шпански репрезентативец и ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ги воодушеви своите фанови со интервјуто за „Гардијан“.

Јамал зборуваше за неговата љубов кон фудбалот и откри дека не е опседнат со бројките, односно голови и асистенции, туку за него е најважно тоа што се случува на теренот.

Шпанецот кажа дека фудбалерите премногу размислуваат за тоа кој ќе постигне гол или ќе запише асистенција.

„Не играм за пари, туку затоа што ми се допаѓа фудбалот. Има фудбалери кои се опседнати со голови и асистенции. Јас играм за бава, за да дриблам и да им помогнам на моите соиграчи, да бидеме сите среќни“, кажа Јамал.

Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)