Италијанци ќе ја делат правдата на мечот меѓу Македонија и Словенија
Италијанци ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Македонија и Словенија на стадионот „Стожице“ во Словенија. Главен судија ќе биде Андреа Коломбо, додека негови асистенти се Џовани Бачини и Валерио Колароси. Четврти арбитар ќе биде Матео Марчети, додека во ВАР-собата се Мајкл Фабри и Федерико Ла Пена.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра во вторник од 20.45 часот.