Тухел ќе има подобри услови од Саутгејт - не мора да живее во Англија
Неговиот договор со ФА официјално почмнува на 1 јануари 2025 година, а раководството на асоцијацијата му дозволило да работи од дома, односно од својата татковина. Одлуката е чудна ако се знае дека неговиот претходник Герет Саутгејт беше принуден барем три дена неделно да престојува во базата на ФА каде држеше предавања и состаноци со своите помошници и тренерите на младинските селекции.
Своеволно, Тухел може да доаѓа во Англија и да присуствува на натпревари од Премиер лигата или пониските лиги, но неговото живеалиште и понатаму останува Минхен.