Ракометната Суперлига стартува со дерби уште во првото коло!

Во просториите на Ракометната федерација денеска беа извлечени редните броеви на екипите во Суперлигата нардната сезона, па така познати се и паровите за првото коло.

Екипата на Пелистер одбраната на титулата ќе ја започне со гостување кај Бутел, додека Вардар гостува на Струга.

Дербито на колото ќе го играат Алкалоид и Охрид во Автокоманда. Новиот прволигаш, вториот тим на пелистерци ќе го пречека Радовиш, додека во преостанатите натпревари Пролет ќе ги одмери силите со Тиквеш, а Куманово ќе гостува во Прилеп.

Суперлига 1. коло:

Прилеп – Куманово

Пелистер 2 – Радовиш

Бутел Скопје – Пелистер

Пролет – Тиквеш

Алкалоид – Охрид

Струга – Вардар