
Јагуриновски: Бевме помотивирани од Пелистер
Иако евидентно задоволен од своето и изданието на целата екипа, репрезентативецот порача дека трофејот во Купот нема да биде особено прославен бидејќи претстои завршницата од првенството.
„Ова беше мој меч на кариеата во Вардар. Секогаш сакам да играм најдобро што знам. Пред се, сакам да ѝ честитам на екипата на Пелистер. Ние бевме мотивирани, дадовме се од себе, изгинавме на терен и во тој момент го добивме финалето. Немаме многу време за славење, ни следат уште два меча, па се надевам дека ќе славиме заедно по последниот меч во лигата“, рече Јагуриновски.