Скандалите му го променија животот: Поранешниот судија денес работи како доставувач

Познатиот УЕФА и ФИФА судија, Дејвид Кут кој во ноември доби отказ по низата скандали денес работи како доставувач.

Место на зелените терени, сега Кут го поминува денот со доставување на пратки. Еден брачен пар бил изненаден кога човекот кој им донел пратка се покажал како поранешниот арбитар што судеше на Европското првенств и во Премиер лига.

Ќе потсетиме, тој беше снимен како го навредува тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, а само ден по натпревар натпревар на Европското првенство каде што работеше како ВАР-судија, се појави снимка на која се гледа како шмрка бел прав. Поради сите тие скандали денеска не е дел од фудбалот. 

„Сакам да продолжам понатаму со животот. Се обидувам повторно да најдам чувство на одговорност и смисла. Работата ме држи активен и ангажиран, но ова не е моја нова долгорочна кариера“, изјавил Кут за британските медиуми.

Интересно, човекот кој го препознал Кут и го снимил како му ја доставува пратката е навивач на Ливерпул, кој и му замерил за навредите кон Клоп.