Инзаги потпиша за Ал-Хилал и ќе заработи 45 милиони евра!

Италијанскиот тренер Симоне Инзаги го напушти Интер и се пресели во Ал-Хилал, а информацијата ја потврди екипата од Саудиска Арабија.

Инзаги прифатил двегодишна соработка со Ал-Хилал и ќе добие годишна плата од 20 милиони евра, а како бонус за потпис на договорот добил дополнителни пет милиони евра.

Искусниот стратег работеше во Интер четири години, а претходно го тренираше Лацио, па сега смета дека е време за нов предизвик во кариерата.

Ал Хилал не успеа да го освои трофејот во азиската Лига на шампиони, а остана со празни раце и во домашниот шампионат, па поради тоа управата реши да ангажира нов стратег.