
Aстон Мартин за следната сезона сака засилување од Мерцедес
Расел во 2022 година од Вилијамс премина во Мерцедес, а сега влегува во последните шест месеци од договорот.
И покрај гласините дека Мерцедес би можел да се обиде да го ангажира светскиот шампион Макс Ферстапен од Ред Буле, Расел е оптимист дека ќе обезбеди нов договор, тврди специјализираниот сајт „PlanetF1“.
Меѓутоа како што се наближува крајот на договорот изгледа дека самиот Расел се распрашува за опциите за наредната сезона.
Иако Ландо Норис и Оскар Пјастри се врзани со долгорочни договори во Мекларен, шефовите н оваа екипа Зек Браун и Анреа Стел биле забележани како разговараат со Расел пред првата трка во март во Австралја.
Исто така се наведува дека, Расел бил забележан во прегратка со советникот на екипата Алпин Флавио Бриаторе.