Министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски и министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ, денеска во Подгорица потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу двете земји во областа на спортот.

Со овој меморандум се продлабочува соработката меѓу двете земји и се истакнува заедничката заложба за поврзување на земјите од регионот преку спортот. Приоритет е размената на експертиза во: институционалната соработа, во областа на науката и технологијата применета во спортот, спортската медицина, борбата против негативните појави во спортот, организација на спортски настани, организирање на обука на спортски специјалисти, програми за поддршка на спортот за лица со попреченост, спорт за сите, спортската инфраструктура, спортскиот туризам како и во спортот во образовните институции.

Со Министерството за спорт и млади на Црна Гора и со министерот Драгослав Шќекиќ имаме една соработка која е повеќе од политичка. Мислам дека тргнавме и во еден друг правец, станавме пријатели надвор од оваа политичка димензија и чест ни е што сме денеска гости во Подгорица – истакна министерот Борко Ристовски.

Тој нагласи дека Меморандумот за разбирање во областа на спортот меѓу Македонија и Црна Гора е резултат на заедничката заложба на двете земји да го вратат регионалниот спортски дух и меѓусебната поврзаност на земјите од регионот.

Од оваа соработка ќе имаме многу придобивки.Тука не е само оној спортскиот дел, овој договор испраќа и многу други пораки, пораки кои значат дека ние иако сме различни држави, сепак сме израснати во тој дух на заедништво и треба да негуваме меѓусебна почит, нашите народи да бидат уште поблиски. Во склоп на оваа воспоставена соработка почнуваме и пилот проект со организирање на регионални турнири кој ќе стартува од Македонија. Без разлика што ова натпреварување нема да биде официјално туку регионално, сепак ќе испратиме силна порака дека ние како држави имаме капацитет да се обединиме и да направиме нешто повеќе. Пред сѐ тоа да биде промоција на нашите држави, промоција на спортот и порака дека сите ние во регионот треба да се држиме заедно и да си помагаме едни со други – истакна Ристовски.

Министерот за спорт и млади на Црна Гора, Драгослав Шќекиќ изрази огромно задоволство од постигнатиот договор, воспоставувањето на цврста соработа меѓу двете земји во областа на спортот и развојот на поширока регионална поврзаност.

Изразувам огромно задоволство што денеска во посета на Црна Гора е мојот пријател и пријател на Црна Гора, министерот за спорт Борко Ристовски и што имавме можност да разговараме за идната соработка и за развојот на спортот во Црна Гора и во Северна Македонија. Нашата намера беше да го повториме она што некогаш се одвиваше во поголем капацитет и тоа дополнително да го унапредиме, да додадеме и некои нови услови за соработка, но и да покажеме дека ние земјите од Балканот преку спортот можеме да придонесеме за поврзување на сите нивоа и дека спортот е најголемиот промотер на позитивните процеси. Во таа насока ќе дадеме сѐ од себе – рече Шќекиќ.

Црногорскиот министер за спорт и млади ја промовираше и идејата за воспоставување на регионални лиги во одбојка и ракомет во кои првично би настапувале екипи од Македонија, Црна Гора, Србија и во најава, Босна и Херцеговина, како и одржување на регионални турнири во овие спортови.

Денеска имавме можност да разговараме за организирање на регионален турнир кој би бил претходница на идната регионална лига. Кога е во прашање ракометот,  во овој момент учеството го потврдија Северна Македонија, Црна Гора и Србија, очекуваме да се приклучи и Босна и Херцеговина. Во одбојка веќе е извесно одржувањето на тој регионален турнир на кој ќе бидат овие четири екипи. Во Црна Гора ќе биде организиран турнирот во одбојка, а во Северна Македонија турнирот во ракомет. На турнирот ќе учествуваат по една машка и по една женска екипа од секоја земја. И пред оваа средба ние имавме средби и со другите колеги