„Гркот“ Милутинов добил непристојна понуда од Милано – 4 милиони евра!

Српскиот кошаркар Никола Милутинов, кој изминатиов период настапуваше за грчки Олимпијакос, е многу блиску до потпишување договор со италијанскиот гигант Олимпија Милано, а официјализацијата се очекува наскоро.

Тој добил понуда вредна четири милиони евра за двегодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона, што претставува еден од најголемите договори во европската кошарка. Центарот би заработил 1,8 милиони евра во првата сезона, а 2,2 милиони евра во втората, додека деталите за третата година не се прецизирани. „Манекените“ од Милано со неговото пристигнување би ја зголемиле српскатаколонија, со оглед на најавеното доаѓање на Марко Гудуриќ.

За Милутинов интерес покажал и Панатинаикос, но понудата од Милано била значително повисока. Србинот во изминатата сезона со Олимпијакос во Евролигата имаше просек од 8,2 поени, 5,8 скокови. Неговиот договор со грчкиот клуб завршува на крајот од сезонава, што ја отвора вратата за нов почеток во Италија.

ФОТО: EPA PHOTO